РУСКАТА ПРОПАГАНДА КАЈ ГЕРО НА ПЛУСИНФО ДРМА 24 КРОЗ 7 ЧАСА : РИСТО НИКОВСКИ ПИШУВА ДЕКА САД САКАЛА ДА НЕ УНИШТИ, ПРЕМИЕРОТ НЕ ТРЕБАЛО ДА И ПРАВИ КОКТЕЛ НА МЕРИ БРНЗ

0
685

Колумна на екс амбасадорот Ристо Никовски на порталот Плусинфо, Ристо ги лаже читателите дека Америка ќе ги уништела Македонците:

Стара дипломатска пракса е врвните дипломати, особено амбасадорите, на крајот од својот мандат да организираат проштални приеми. Тоа не е и обврска бидејќи зависи oд пoвеќе причини. Клучни се финансиските можности на односната земја ама може да зависи и од нивото на односите меѓу двете земји, од моменталните политички и дипломатски приоритети, од воспоставените норми и слично. Кога се организираат, пак, приемите се прилика на којашто се канат претставници на државата домаќин, функционерите со коишто се контактирало, колегите од дипломатскиот кор, стекнатите пријатели и други релевантни личности, според листите на ДКП-то.

И земјите домаќини имаат начини со коишто се збогуваат од врвните странски дипломати. Основна пракса е, по барање на дипломатот чии мандат завршува, протоколот да му организира проштални посети на разни институции и личности. Некаде, на реципрочна основа, се доделуваат одликувања. Во Москва, на пример, заменик или помошник на МНР приредува ручек за амбасадорот…

Оваа светска пракса трае со векови, и воопшто не e случајно што е токму така замислена. Кога се знае тоа, поразува веста дека премиерот на оваа земја – “неодамна приреди прием во чест на заминувањето на американската амбасадорка Кејт Мари Брнз од земјава“ („Нова Македонија“, 14/9/2022, “Преседан или нова практика при заминувањето на американската амбасадорка“). Просто човек да не верува! Незамисливо е и е надвор од умот, врвен политичар на земјата домаќин да организира прием по повод заминувањето на странски дипломат, кој и да е тоа. Впрочем, кој би бил поводот? Дали со тоа се покажува задоволство што си оди дипломатот, што секако не е сега случај? Или, благодарност за завршената работа, за што нема никаква основа? Трето, нема, освен ако не се измисли. Македонија да беше дури и американски доминион, и амбасадорката да беше формален гувернер, пак ќе беше нејзина обврска да организира проштален прием, а не на премиерот. Во конкретниов случај, воопшто не се работи за недомаќински потрошените пари бидејќи е во прашање угледот на земјата.

Со најголема сигурност може да се тврди дека такво нешто не се случило никаде во светот, освен можеби во некоја докажана банана држава или протекторат. Со овој бесмислен потег, премиерот на оваа држава, свесен или не, што воопшто не е важно, во најмала рака ја третираше Кејт Мари Брнз како да е (неизбран) гувернер на нашата земја или, поточно, како да сме зависна, неслободна, не автономна и држава која нема сопствено владеење. Со овој чин, се демонстрираше дека сме држава дури и без суверенитет бидејќи се чини како да потврдивме дека некој од надвор ни владее со земјата. Се претставивме како да сме нешто дури и пониско од протекторат. Според начинот на којшто, последниве години, се однесува Македонија на меѓународен план, во голема мерка ни одговараат и сите овие карактеристики бидејќи не ги браниме сопствените интереси туку следиме туѓи.

Некој ќе рече дека сето ова е претерување, ама воопшто не е така. Дипломатијата е сериозна работа и во неа се’ има свое јасно и прецизно објаснување и, нагласено – толкување. Во неа нема, и не можат ниту да се замислат импровизации. Таа е систем на мерила и вредности во политиката. Секој потег има своја тежина и води во недискутабилни заклучоци. Така и во овој случај. Покажавме дека немаме поим ниту од политика, а уште помалку од дипломатија. Единствено објаснување е дека се работеше за додворување на нашиот “стратегиски партнер“ којшто веќе ни го промени името и сега е на пат да ни го избрише и националниот идентитет, со дефинитивно затворање на вековното “Македонско прашање“. Софија е само алатка во тој проект. Исто како и Атина, пред тоа. “Тиранската платформа“, пак, е кремот на проектот.