РЕЖИМСКИОТ ОЛИГАРХ ОРЦЕ КАМЧЕВ ГО ПРОДАДЕ МПМ НА КОРУМПИРАНА ТУРСКА ИЗДАВАЧКА КУЌА!

0
1486
Орце Камчев го продаде МПМ! Мнозинството на акциите на Медиа Принт Македонија од денес припаѓаат на турскиот гигант Хуриет, пренесува Центарњус.
Камчев, по бројните недоразбирања со неговите блиски соработници од власта, Мијалков и Груевски, одлучи да ја стави компанијата на продажба, што беше примамлива понуда за турските издавачи.
На продажба не е само дневниот весник „Вест“. МПМ веќе поодамна се соочува и со други проблеми. Работи со загуба, а вработените заостануваат при земањето плати.
Вработен, чиј идентитет ќе остане анонимен ја даде следнава изјава:
-„Условите за работа ни се катастрофални. Постојано трпиме притисоци, а платите ги нема. Денес е 16ти во месецот а ние сеуште немаме земено плата. Некои од нас тоа не можат да го издржат па си поднесуваат оставка. Овој месец оставки дадоа најдобрите уредници на рубриките економија, хроника и надворешна политика. Верувам дека оставките ќе продолжат затоа што ситуацијата е безизлезна“.
Инаку, издавачката куќа Хуриет е меѓу најпопуларните во Турција, со тираж од 400.000. Запамтена е по скандалот кој датира од 2009 година каде што првите луѓе на оваа куќа беа обвинети за даночно затајување од 523 милиони долари во февруари и 2,5 билиони долари во септември 2009.
Извор: Центарњус