Македонците ќе можат да одат во Црна Гора од 1 јуни

0
870

Црна Гора синоќа ја обнови листата на земји чии граѓани ќе можат да влезат на нејзина територија од 1 јуни. Од денеска на таа листа се и граѓаните на Македонија.

Правилото според кое се водат црногорските власти за дозвола на влез е да има помалку од 25 заразени со ковид-19 на 100.000 жители во соодветната земја или во земјата преку која посетителот влегува во Црна Гора.

Нема веќе карантин, ниту самоизолација, соопштија црногорските власти.