СПАСОВСКИ: ЗНАЕМЕ КОЈ ЈА ПРАТИЛ ЗАКАНАТА ЗА БОМБА ВО КАВАДАРЦИ, ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ СО ИНФОРМАЦИИ НАСКОРО

0
483

На прес-конференцијата посветена на Предлог-буџетот на МВР за 2023, која се одржа денеска во владиниот Медија центар, а на која учествуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека министерството за внатрешни работи знаело кој ја пратил заканата за бомба во Кавадарци и дека со конкретни информации ќе излезат наскоро.