СПАСОВСКИ : ЗА 6% ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТ НА МВР ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОСПОСТАВЕНИОТ КОНЦЕПТ – ПОЛИЦИЈАТА – СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ

0
353
Денеска, пред медиумите и граѓаните го презентирав предлог Буџетот на МВР за 2023 година со вкупна вредност од 182.7 милиони евра. Основната цел на предлог Буџетот 2023 е да се обезбеди понатамошно системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата.
Притоа, зголемувањето за 6% во споредба со минатогодишниот буџет е обезбедено во ставките кои овозможуваат континуитет во градењето на современа и стручна институција, заснована на законитост и понатамошен развој на демократските принципи во полициското работење, согласно европските препораки и стандарди.
Една од целите на реализацијата на проектираниот буџет на МВР е продолжување на воспоставениот концепт: Полицијата- сервис на граѓаните. Нашата цел е продлабочување на партнерството меѓу граѓаните и полициските службеници што ќе продолжи да произведува уште поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, за одржување на јавниот ред и мир, како и за заштита на материјалните добра на граѓаните.