ВАСКО КОВАЧЕВСКИ СЕ АЖУРИРАШЕ ЗА МОДЕРНА СДСМ И ЗА МОДЕРНА БИТОЛА

0
859

Постапката на ажурирање на членството во СДСМ е во тек. Како што соопштија на самиот почеток од политичката партија истата ќе трае до 25-ти февруари до кога секој член ќе биде посетен од Комисијата за ре – евиденција со што ќе го ажурира своето членство.

Процесот ќе заврши со издавање на електронски картички за членување со што на непосредни избори сите ажурирани членови ќе го бираат Претседателот на СДСМ на следниот Конгрес оваа пролет.

Секако активноста на модернизација и позитивните политики на СДСМ генерираа и голем број на нови членови за кои оваа постапка ќе важи не само до 25-ти февруари како таа има акцент на Конгресот туку истата станува пракса во евиденцијата на членството на најголемата државотворна партија во континуитет.

Синоќа во матичната Општинска Организација на Социијадемократскиот Сојуз на Македонија во Битола своето ажурирање на членувањето го изврши и порашениот Претседател на ОО СДСМ Битола и поранешен Пратеник во Законодавен дом а актуелен Генерален Директор на АД ЕСМ – Васко Ковачевски.

Ковачевски во оваа пригода изјави:

Модерен СДСМ за модерна Битола, за модерна Северна Македонија.

Со ажурирањето на моето членство во СДСМ, давам целосна поддршка за патот по кој се движи и нашата партија и нашата татковина, повеќе демократија, повеќе шанси за сите, ред и дисциплина.

Истовремено ги повикувам сите наши демократски ориентирани сограѓани да ни се приклучат и да го дадат својот придонес во реформските процеси во нашата држава.