СПАСОВСКИ ЗА ЛОКАЛНО : ЗА ШЕСТ ГОДИНИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ ЗА 35% , ВИСОКА ДОВЕРБА НА ГРАЃАНИТЕ ОД НАД 50%

0
271

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот Локално.мк, прашан за тоа што ќе остави во МВР, истакна:
„Оставам вработени со унапреден социјален статус. Имено, по минатогодишното зголемување на платите за 5%, годинава платите ги зголемивме во два наврати, а во декември беше исплатен и регрес за 2023.

Односно, во овие шест години на вработените во МВР им се зголемија платите за 35%, преку петте покачувања на платата за сите, но и 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места, како и шест редовно исплатени бонус плати, со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Мотивирана полиција посветено да работи за зголемување на безбедноста на граѓаните, па сега, на мое големо задоволство, зборуваме за висока доверба кон полицијата од над 50% , што е уште еден показател дека МВР е целосно реформирана демократска институција, која работи во полза на сите граѓани. И конечно, оставам стабилна безбедносна состојба, со најдобри резултати во овие три децении, со континуиран тренд на намалување на криминалитетот, а зголемена ефикасност на полицијата”, рече Спасовски.