ЦУК : СПАСЕН Е ЧОВЕКОТ КОЈ БЕШЕ ЗАВЕАН ВО КАВАДАРЕЧКОТО СЕЛО РАДЊА НА КОЖУФ

0
311

– Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја, и едно теренско 4×4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето. Со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат, појаснуваат од ЦУК.

Оттаму, додаваат дека доцна вечерта, Регионалниот ЦУК Кавадарци се јавил и известил дека се слушнале со човекот и дека истиот е дома и во добра состојба. Тој изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и на сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација.

– Имаше и хумана реакција во општеството и други поединци и здруженија да се јават за да помогнат. Но, беше оценето дека Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци е доволна за спасувачката евакуација, нагласија од ЦУК.