БРАВО, ЌЕ ГО ОТВОРАТ МАКEДОНСКИОТ И БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БЛАГОЕВГРАД СЕ ПРЕМИСЛИ И ДОЗВОЛИ ОТВОРАЊЕ НА КЛУБОТ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ”

0
792

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов дозволи отворање на клубот „Никола Вапцаров“.

Откако првично забранија, сега локалните власти во Благоевград се премислија и дозволија да се отвори македонскиот културен клуб, што треба да се случи на 30 октомври.

На свеченоста, според соопштението, поканети се и првите луѓе на македонската и на бугарска влада.

Клубот е основан од иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права.

Тој ќе има цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот, велат организаторите на настанот.