ВМРО-ДПМНЕ ГО НАПАЃА ЗДРАВСТВОТО СО ПРАЗНИ ТЕЗИ, ФИЛИПЧЕ: НИЕ ЌЕ ГРАДИМЕ НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР А СРБИЈА ВЕЌЕ ИМА ОБЈЕКТ КОЈ ШТО ДОПРВА ТРЕБА ДА СЕ РЕНОВИРА И ОПРЕМИ

0
851

“Изградбата на нашиот клинички центар и клиничкиот центар во Белград се две различни работи бидејќи во Белград веќе постои изграден објект кој не е во функција, рече министерот за здравство” – рече министерот за здравство, Венко Филипче по тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека најавениот клинички центар кој треба да се гради кај нас е неколкукратно поскап од тој што ќе се гради во соседна Србија.

“Зградата во Белград со години е празна и властите во Србија одлучија сето тоа да го реновираат и да го опремат. Не станува збор ниту за нова градба ниту за капацитет каков што ние планираме. Станува збор за споредба на баби и жаби” – рече Филипче.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Владата на Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче ќе гради клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра а тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија.