СПАСОВСКИ ВО ДНЕВНИКОТ НА СИТЕЛ : НАМАЛЕН КРИМИНАЛИТЕТ ЗА 10,7%, СПРЕЧУВАМЕ МАЛОЛЕТНИЧКО НАСИЛСТВО СО НЕДЕЛНИ КОНТРОЛИ НА УЧИЛИШТА, СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ

0
300

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во “Тема на денот” во дневникот на Сител телевизија беше запрашан за состојбата со криминалитетот во државата.

„Кога зборуваме за вкупниот криминалитет во државата, за овие практично 9 месеци имаме намалување на вкупниот криминалитет за 10,7%, споредбено со истиот период од минатата година. Ако правиме некаква споредба на годините, ќе видите дека од година во година се намалува крминалитетот, се зголемува ефикасноста. Минатата година била најдобра во последните 30 години од осамостојувањето. Можно да се очекува сега, или би било предвидливо да се очекува, дека би биле уште подобри овие резултати”, истакна министерот Спасовски. Притоа, тој ги појасни приоритетните активности кои даваат резултати во делот на намалување на криминалитетот.

„Еден до приоритетите е зачувувањето на јавниот ред и мир и безбедноста и тоа е практично нешто коешто секојдневно го работиме. Тука ќе ги напоменам оперативните планови „Безбедно лето”, „Безбеден град” коишто даваат извонредни резултати. Во рамките на тие операции и ден денеска се работи во сите градови на спречување на било какво насилство, особено помеѓу малолетниците. Посебно, еве, скоро четврта година се работи, како една активност на МВР, во којашто секоја недела имаме контрола практично на училиштата, на објектите околу училиштата, на сообраќајот, на возилата со кои се транспортираат учениците, нешто што во континуитет се работи и дава резултати. Сите тие активности се поставени како врвни приоритети”, рече министерот Спасовски.