ХАОС со избирачкиот список: ФАНТОМСКИ гласачи се водат на адреси на американската и британската амбасада, кај Хорхе, Јанкулоска, Агенцијата за јавни набавки…

0
903

На адресата на амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје е регистриран гласач во Избирачкиот список. Двајца избирачи има и на адресата на британската амбасада, јавува Телма. Ова се само две од стотиците, можеби илјадници откритија објавени на твитер и фејсбук до кои дојдоа граѓани истражувајќи го Избирачкиот список поставен пред два дена интернет страницата на Државната изборна комисија. Во морето на откритијата, особено на твитерџиите, а кои ги пренесуваат и медиумите,се наоѓаат и четворица избирачи на адресата на претседателот Ѓорге Иванов,  тројца со разлчично презиме на адресата на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, 14 на адресата на Агенцијата за јавни набавки, жители на Пустец.

Вчера Телма регистрираше случаи на гласачи во празна разурната куќа, како и гласачи на една адреса за кои станарите беа изненадени дека и други лица се водат на нивната адреса и дека не знаат како се нашле во Избирачкиот список.

Веб апликацијата која требаше да им помогне на граѓаните да проверат дали се наоѓаат на Списокот, дали нивните податоци се точни и каде е нивното гласачко место, но воедно и да и помогне на Државната изборна комисија да ги поправи грешките, се претвори во хаотичен извор на информации. Во ДИК денеска нема седница, ниту пак подготвеност да се говори за овој проблем. Велат дека до веб апликацијата ќе биде поставена уште една апликација преку која граѓаните ќе можат преку интернет да пријавуваат недостатоци и грешки во Списокот, со цел да се избегне затрупување на пријави со хартија.

На прашањето дали проблемите со електронски презентираниот Избгирачки список се должи на манипулаци правени во минатото со личните податоци, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели:

-Па тоа е факт, тоа не можеме да го негираме дека заради податоците коишто претходно биле презентирани е најправен ваков избирачки список. Меѓутоа и не можеме да констатитраме што точно сега се наоѓа во избирачкиот список. Тоа е работа на Државната изборна комисија. Јас само уште еднаш ќе потенцирам дека Министерството за внатрешни работи стои отворено до крај да помогне на Државната изборна комисија, да имаме чист Избирачки список и заеднички да помогнеме во овој процес за организирање на фер, демократски и слободно избори – вели Спасовски.