ВО ТУРЦИЈА ХРАНАТА ПОСКАПЕ ЗА 74,3%, ВО СРБИЈА 17.9, А ВО МАКЕДОНИЈА 13,1 ОТСТО!

0
434


Еуростат евидентира големо поскапување на храната во Македонија за минатиот месец.

Во август годинава најголема инфлација на храна имало во Турција, па следуваат Србија и Унгарија. Македонија е на шестото место со 13,1 отсто инфлација на храна.
Aлбанија има 8.4 отсто инфлација, Грција 10.8 отсто, а Хрватска бележи инфлација од 11.1 отсто.

Турција има инфлација на храната од 74.3 отсто, Србија има 17.9 отсто, додека на дното, со најмала забележана стапка на инфлација се Швајцарија и Данска, со 4,5 односно 4,6%.