ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИНТЕРПОЛ ВО ПИСМО ДО СПАСОВСКИ : ВАШЕТО ВИЗИОНЕРСКО ЛИДЕРСТВО Е ОД ФУНДАМЕНТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА, РЕГИОНАЛНАТА И ГЛОБАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ

0
1090

Тој во писмото ја наведува благодарноста за тоа како Спасовски и МВР како домаќини ја организирале конференцијата, но и 7 Мај – Денот на македонската полиција на којшто Ел-Рајси беше гостин. -Свесен сум за макотрпната работа во организирање на ваков настан, како и запосветеноста која мажите и жените ја демонстрираа во осигурувањето на исклучително искуство за сите нас, пишува Ел-Рајси. Истакнувајќи ја благодарноста и за можноста за средба со Спасовски, Ел-Рајси потенцираше дека темите за кои се разговарале се на врвот на агендата на Извршниот Комитет на ИНТЕРПОЛ.