СО НАПРЕДУВАЊЕТО НА ВАГНЕР КОН МОСКВА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РУСКАТА ПРЕСТОЛНИНА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ЖИТЕЛИТЕ НА МОЖНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАТИШТАТА

0
634

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика жителите да ги ограничат патувањета, предупредувајчи на можно затворање на патиштата.
Собјанин предупреди дека ситуацијата во главниот град е „тешка“, со оглед на тоа дека силите на платеничката група Вагнер се движат кон главниот град на Русија за да го соборат руското воено раководство.

„Ситуацијата е тешка. Ве замолувам да се воздржите од патување низ градот колку што е можно повеќе“, рече Собјанин во изјавата, предупредувајќи на можно затворање на патиштата.Воедно, тој соопшти дека понеделник ќе биде „неработен“ ден, со одредени исклучоци, за да се минимизираат ризиците.
Претходно Би-Би-Си Русија јави дека во Москва се евакуираат дел од јавните згради, како што се музеи, трговски центри и слично, а истовремено се соопштува дека руските сили поставуваат митралески гнезда на јужниот влез во престолнината.