Николовски: Ние не се луксузираме, ние за плата ќе испорачаме резултати

0
724
„Оваа недела разгледувавме предлог одлуки и уредби поднесени од мојот кабинет, после навистина долго време ставаме ограничување на привилегиите на функционерите. Ние сме дојдени за плата да испорачаме резултати, не сме тука да се луксузираме. Ние дури покренавме кривични пријави за претходниците кои се луксузирале со народни пари, ама нема ефект уште од тоа.
Порано се купуваше облека, се вадело кеш, се пазарело во маркети, без никој да одговара за тоа. Сега ги унифицираме правилата колку трошоци за репрезентација може да потроши одреден функционер, што е тоа репрезентација, колку може да чини еден прием, еден ручек…. Исто така, ги анализираме и можностите за намалување на користиење на службените возила.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, на телевизија 21.
Николовски најави нов фронт: Дрвокрадците имаат логистика од некои вработени во институциите Токму денеска имавме состанок со сите преставници на институции кои може да се вклучени во проблемот со нелегалната или дива сеча на дрва. Разговаравме со директорот на Биро за јавна безбедност, луѓе од шумската полиција, преставници на Национални шуми, и едногласно заклучивме дека мораме да го менуваме системот и истото како и во другите сфери, после години и после децении се презема нешто…
Каква било акција, како досегашните, не дава соодветен резултат, криминалните структури имаат поддршка од внатре, затоа мора да се испита потекло на имот на шумските полицајци, на вработени во Национални шуми, и секако дека ќе го работиме ова. Пред Владата ќе излезме со нов план за трансфромација на претпријатието за шуми, јакнење на капацитетите на инспекторатите, меѓутоа и воспоставување нов систем во кој не се можни злоупотреби.“- изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, на телевизија 21.