АГЕЛЕР НАЈАВИ НОВИ ИМИЊА НА ЛИСТАТА ПОКРАЈ МЕРКО : „ОВА Е СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ И ПРИОТИТЕТ НА САД“

0
891

Американската амбасадорка Агелер најави и нови имиња на листата покрај градоначалникот Рамиз Мерко. Таа не откри за кои лица се работи, само кажа дека се во процес на разгледување.„Кога постои цврст доказ за корупција значи да се преземе мерка од страна на државниот скертар на САД за санкционирање на такво лице, со тоа што на ова лице и на неговото семејство им е оневозможен влез во САД. Овој процес трае подолго, процес кој внимателно се спроведува, се врши ревизија на сите докази, на се што е утврдено, има и листа со имиња која е во процес на ревизија и разгледување, така да откако ќе се утврдат сите факти тогаш се донесува одлуката“ изјави Агелер.

Таа додаде дека не може да зборува за временски рокови кога би се реализирале сите овие процеси, но нагласи дека ова е сериозен процес за САД.

„ Ова е процес кој се спроведува со големо внимание и САД имаат навистина сериозен пристап на ваквиот процес, бидејќи секогаш кога ќе се утврдат докази за корупција сметаме дека Северна Македонија и народот на Северна Македонија имаат право да имаат избрани претставници во кои ќе можат да веруваат. Тука завршува ангажманот на САД, ние не би можеле да кажеме што понатаму. Не можеме да кажеме какви мерки Владата и судството ќе преземат. Ова е сериозен проблем, приоритет на САД“ рече Агелер.

Вчера, беше објавено дека Мерко и неговото семејство се на така наречената црна листа на САД.