Либертас : Софтверот брои, АВМУ казнува, тв тајкуните бесни, Груевски немоќен да помогне

0
1691

Последниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој прв пат реално е прикажано навивачкото информирање за владејачката ВМРО-ДПМНЕ на најгледаната ТВ Сител и другите провладини телевизии, Канал 5 и Алфа, според извори од телевизиите, ги збеснал нивните сопственици, пишува „Либертас“.

Еден од газдите веднаш се јавил на екс премиерот Груевски да се пожали од директорот на агенцијата, Зоран Трајчевски.

Според изворите на Либертас, Груевски пробал да влијае на Трајчевски, кој е кадар од неговата партја и назначен на чело на агенцијата од него, но на негово запрепастување, добил одговор дека тоа се податоци кои ги исфрлаат комјутерите според софтверот кој е програмиран за точно мониторирање, како и колку за која од партиите и лидерите информираат телевизиите опфатени во следењето од агенцијата.

Трајчевски наводно му објаснил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека место за интервенции од негова страна нема и дека медиумите ги следат и странските набљудувачи во земјата.

Целиот текст ОВДЕ