Николовски: Болеста „Јазлеста кожа“ се шири, сточарите се оставени без потребаната заштита и помош од државните институции, што е недозволиво

0
868

Болеста „Јазлеста кожа“ се шири, сточарите се оставени без потребаната заштита и помош од државните институции, што е недозволиво.

Одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство упорно, преку провладините медиуми, ја манипулираат јавноста наместо да се зафатат со активности за сузбивање на болеста.
Одговорните во АХВ во своите изјави прво тврдеа дека вакцината е набавена, потоа дека е обезбедена, па дека била резервирана. Деновиве кулминација на лагите пласирани преку провладините медиуми е дека вакцинацијата во Гевгелиско е започната и треба да продолжи.

Вистината е сосема спротивна!

Вакцини се уште нема!

АХВ дури вчера соопшти дека започнала едукација на сточарите и засегнатите лица во гевгелискиот регион за начинот на заштита и справување со болеста. Мерка која одговорните во АХВ требаше да спроведат уште во 2015 година.

Финансиски средства за набавка на вакцината и спроведувањето на активностите поврзани со сузбивањето на болеста се обезбедени дури на 12.05.2016 година. Оваа може да се види во Сл. Весник на РМ кој е објавен на 12.05.2016 г., каде се објавени измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2016 година.

Договорот за набавка на вакцините епотпишан дури вчера на 13.05.2016 година. Сеуште не се знае кога ќе биде извршена уплатата и кога ќе пристигне вакцината во Македонија.
Целосен заштитен имунитет животните стекнуваат после третата недела од вакцинирањето. Што да прават сточарите за ова време?

Одговорноста за нестручноста и неодговорноста на поставените партиски кадри се ближи.
Одговорност за задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има!
Одговорност за премногу ниските проценки за обештетување на сточарите мора да има!