Сојузот на синдикати ја избра Алкалоид за најдобра компанија на неделата

0
892

Сојузот на синдикати на Македонија, кој важи на најрепрезентативен и најброен синдикат во земјава, ја избра фармацевтската компанија Алкалоид за најдобра компанија оваа недела, чиј пример, како што велат од ССМ, треба да го следат сте работодавачи.

„Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос, важно е да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период. Согласно информациите со кои располага ССМ, најдобра компанија оваа недела е Алкалоид АД Скопје. Ова е примерот што треба да се следи!“, соопштија од ССМ.

По примерот на Меѓународната конфедерација на синдикати, ССМ истовремено, согласно пристигнатите информации и врз основа на реакциите и поплаките на работниците, ќе избира и најлоша компанија, која најмногу ги прекршува правата на работниците.