ДЕНЕСКА ДОБРИ БРОЈКИ: Нема починати, 25 излекувани, 53 ново заразени, вкупната бројка достигна 1170 заразени

0
879
Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови
Во изминатите 24 часа потврдени се 53  нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 401
    Куманово – 320
    Дебар – 51
    Штип-32
    Прилеп –112
    Тетово – 52
    Струга – 55
    Велес – 55
    Битола –17
    Охрид –7
    Кавадарци – 4
    Гостивар –12
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 26
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0  и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода  – 61 . Досега во земјата се направени вкупно  11556 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера  е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.
Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.