ПЕТРОВСКА : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА НЕЗАКОНСКИ МЕ РАЗРЕШИ КАКО ДИРЕКТОРКА, ПА МУ ОДЗЕМАА ИНГЕРЕНЦИИ ЗА ГРАДИНКАТА

0
775

Фото – Слободен Печат – Методи Здравев

Анонимно писмо минатата недела ја потресе јавноста. Во него стоеше дека двегодишно дете го снемало од детската градинка „Темјанушка“, објект на градинката „Детска Радост“ во Автокоманда. Детето беше пронајдено за помалку од две минути и вратено кај воспитачката. Загрижени родители освен до медиуми, писмото го пратиле и во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Колку време детето го немало, дали е казнета негователката, зошто се вклучи јавноста во цела приказна со обид директорката да се прикаже како криминалец, во Утрински печат на Слободна ТВ ја прашавме Анета Петровска, директор на градинката. Во интервјуто таа објасни дека инцидент се случил, но истиот е преувеличен и по детето не се трагало, тоа излегло надвор низ вратата во дворот од градинката.

–Детето е пресретнато од друг родител и веднаш вратено во градинката. Цела работа трае една до две минути, а дојавата до медиумите е од политички мотивирани родители, кои што сакаат да ме сменат од функцијата- вели Петровска.Според неа, сакаат да ја направат работата дека детето го немало, дека имало по него „потрага“ што е апсолутна лага. Го вратиле детето назад, вработената веднаш и пријавила. Голготата на директорката трае од 2021 година од доаѓањето на новиот градоначалник Бобан Стефковски. На почетокот на 2022 година по Закон за ревизија направена е ревизија на работењето на директорката што е во ред.

-Но од страна на општината беше испратено лице кое немаше лиценца за работа, за вршење на ревизја. Ревизорскиот извештај беше со многу низок квалитет без нацрт, без можност директорката да даде објаснување како што се стандардите кога се прави ревизија. Во ден ден добивме и нацрт ревизија и конечен извештај, што не е во ред- вели Златка Денковска, адвокат на Петровска.Таа објаснува дека по ова почнала постапката за разрешување на директорката и тогаш биле повикани лица од Министерството за труд и социјала.