СДСМ: И во наместени интервјуа Груевски е претставен како „неспремен“

0
843

Соопштение на СДСМ:

„Прес24“ денеска не само што објави интервју со Никола Груевски туку го испрати и до сите медиуми во Република Македонија.

Со тоа потврди дека „Прес24“ е уште еден медиум зад којшто стои штабот на ВМРО-ДПМНЕ, покрај „Курир“.

Преку „Прес24“ ВМРО-ДПМНЕ си пишува, ВМРО-ДПМНЕ си објавува и ВМРО-ДПМНЕ си испраќа напишани интервјуа.

Ова е уште еден доказ за катастрофланата состојба со медиумите во Македонија.

Не само што ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски туку медиуми очигледно работат за штабот на оваа партија.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Но, дури и во напишаните интервјуа од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е претставен како „неспремен“ за прашања.

Груевски во изминатите години беше спремен само за провизии, парцели на Водно, мерцедес од 600 илјади евра, богатење на фамилијата…

Единствениот нокаут на Никола Груевски е што ја нокаутираше Македонија, заедно со братучедот Сашо Мијалков и кумот Зоран Ставрески.

Очигледно тоа што го знаат граѓаните го знаат дури и во штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски е толку грогиран биксер што е спремен само за заминување од политичката сцена.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!