СОБРАНИЕТО ЕДНОГЛАСНО ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ГРАЃАНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА СО КОЈ ДРАСТИЧНО Е НАМАЛЕНА ВИСИНАТА НА КАЗНИТЕ НА МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ШТЕТАТА ПРЕДЗВИКАНА СО НАВРЕДА ИЛИ КЛЕВЕТА

0
514

Собранието едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се  гарантира слободата на изразување. Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата  да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка. Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија.