ТРАГЕДИЈА Е ШТО ВАКВИ ВОДАТ ТВ ЕМИСИИ НА ЈАВЕН ТВ СЕРВИС : МИШКО ИВАНОВ НЕ ВИДЕЛ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА Е ВО ЗАТВОР

0
1511

Мишко Иванов тресна неколку зелени на интервјуто со Ристо Пенов. Џабе сме влегле во НАТО немало странски инвестиции, што ќе сме виделе бенефит од ЕУ?!?! Никој не завршил во затвор освен Боки 13-ка?!

Како е можно човекот што води и вести на ТВ 24 и професија му е новинарство да не знае дека во затвор се Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски кои беа клучни моќници на Груевски додека Мијалков е исто така осуден на преку 10 години робија и се чека да стане правосилна, во исто време запленети се партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и сите нивни партиски седишта низ земјата и исто така од Мијалков е запленет имот во висина од 30 милиони евра.

Претходно заплена се направи и на имотот на Сеад Кочан а тој одлежа неколку години затвор. Исто така затвор добија уште десетина видни вмровци кои се огрешиле пред законот а најважниот го чека робија кога ќе реши да не бега од правдата. Да се шири ваков дефетизам дека џабе била Шарена револуција е перверзија.

Што се однесува на странаските инвестиции, овие години се пуштија неколку странски инвестиции и тоа во рекорден износ, почнаа со градби ветерни паркови и фото волтаични централи во износи од преку пола милијарда евра, се почнува дури и браната Чебрен проект од 800 милиони евра каде конечно е успешен тендерот и да кажеш џабе сме влегле во НАТО и што мајка бараме во ЕУ е на ниво на Јанко Бурек, трагедија е што вакви луѓе водат емисии на јавни ТВ сервиси и во ТВ со национални концесии, затоа народот мисли како што мисли и ќе го враќа ВМРООУ! Еве подолу само неколку од странските инвестиции стартувани овие години по влезот во НАТО: