Тричковски : Датум во септември! Данке Дојчланд! Данке Нидерланд! Мерси Франс! Тенкју Палмер, Рикер енд Јуесеј!

0
1513

Датум, ами како!

Датум во септември!

Данке Дојчланд!

Данке Нидерланд!

Мерси Франс!

Тенкју Палмер, Рикер енд Јуесеј!

Благодарност до сите држави што ја поддржаа високата оценката за Северна Македонија и ставот да се одреди датум за почеток на преговорите со Европската унија.
И до светските коментатори и аналитичари кои помигнаа со своите критички погледи на работите.

Но, пред се, благодарност до премиерот Заев и до неговата влада, до министерот Димитров, пред се, но и до Шекеринска, до Османи, еве сега и до новиот претседател Пендаровски, кои во ултракус рок од само две години, успеаја една заробена и уништена земја, да ја извлечат од протуѓерскогруевстичките вмронски ендеци и да ја исправат на европскиот пат.

Благодарност и пофалби за конструктиваната критика внатре.
Ние од “Корзо” се вклучуваме во прославата на еден многу специфичен начин: упативме, имено, неколку возила за итна медицинска интервенција околу УКИМ, МАНУ и повеќе медиуми, особено околу државните и опозициските, затоа што оценивме дека ќе треба да им се помогне на професорките, академичките, уредниците и нивинарите, да го совладаат овој шок, да го предухитриме бранот на самоубиства и да им помигнеме на луѓето да се вратат во нормала.

Бранко Тричковски