СМЕНЕТ ОБВИНИТЕЛОТ ВО СЛУЧАЈОТ ПРОТИВ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ

0
242

Од прес-службата на Јавното обвинителство ни одговорија дека одлучувале по барање за изземање на обвинител поднесено од страна на обвинетиот.

„Одлуката за изземање е донесена за да не се предизвика сомнеж во непристрасноста на обвинителството и предметот е доделен на обвинител од ОЈО Куманово, кој бил следен на распоредот за работа“, ни одговорија од Обвинителството.Случајот е отворен по кривична пријава на две правни лица од Куманово кои тврдат дека Димитриевски, иако требал, не им ги потпишал решенијата за уплата на комуналии за изградба на згради. Димитриевски тврди дека станува збор за политички реваншизам за одлука со која сака да ги заштити граѓаните од бетонизација на Куманово.