КОСТОВСКИ : ДА СЕ ОХРАБРИ ПРОЕВРОПСКОТО КРИЛО ВО ВМРО-ДПМНЕ КОЕ НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО МИЦКОСКИ

0
455

Одговор на новинарско прашање, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Ќе ја искористам можноста на денешнава прес-конференција да апелирам во мое лично име, во името на проевропските сили во државатада се охрабри она проевропско крило во опозицијата особено во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имаме на една страна крило во партијата кое е тег што ја влече партијата надоле, а за среќа на вистината и за среќа на државата имаме и проевропско крило коешто на реална основа се спротивставува на политиките на Христијан Мицкоски.

Токму упатувам апел до тие слободоумни, проевропски настроени луѓе да дадат несебична поддршка во периодот што предстои пред нас. Ова е историски период, период којшто од 1991 па навака сите политички партии, сите политичари го имаат ветувано и сега дојде време на нашата генерација да покажеме дека Република Северна Македонија единствено мора да стане дел од ЕУ.