ПОДДРШКА ОД ЉУПЧО ЗИКОВ: ПРАВОСУДСТВОТО ДЕНЕС МОЖЕ ДА ГИ ПРОЦЕСУИРА СИТЕ СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ ДО КРАЈ, БЕЗ БИЛО КАКВИ ПОЛИТИЧКИ ПРОТЕКЦИИ НА ЛИЦА ОД ВЛАСТА

0
757

Во емисијата “Само вистина” гостуваше сопственикот на Капитал, Љупчо Зиков.
Според него, во Македонија мора да се врати избеганиот екс премиер Груевски за да си ја одлежи казната што му е пресудена и смета дека тоа треба да се случи во рок од една година.
За словенечкиот нон-пејпер, треба Јанша лично да излезе и да ги демантира барањата за промена на границите на Балканот. Притоа рече дека и Југославија почнала да се распаѓа со ширење на вакви гласини кои што само носат нова дестабилизација.
Исто така инсистираше на презумпцијата на невиност за новите случаи кои се во тек на истрага или судење. Ако некој е сомнителен, треба да се истражи до крај не само за Рашковски туку и за секој друг.
Го окарактеризира стилот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ да се размислува што има во позадина на секоја судска одлука место да се прифати како издржана и исправна. Според него, во време на ВМРО-ДПМНЕ ниту еден сомнителен случај не бил слободно процесуиран до крај, а дека досега во владеењето на СДСМ, правосудството има одврзани раце да постапува, особено по разрешувањето на дузина Сваровски судии и обвинители.