СЛЕПЕЦ – БИТОЛЧАНЕЦ ПУКАЛ СО ПУШКА ВО КУЧЕ, ПОГОДИЛ ТАКСИ ВОЗИЛО

0
425

Педесетгодишен таксист од Битола денeска напладне едвај спасил жива глава откако битолчанец во Горно Оризари, наводно стрелајќи во куче со пушка, го погодил и оштетил такси возилото, кое било паркирано додека чекал патници во населбата.

Таксистот, најпрво слушнал истрел, а потоа видел дека куршумот завршил во неговиот автомобил, а тој за среќа минал без повреди. Веднаш случајот го пријавил во полиција.

Полициските службеници по претходно добиена судска наредба поради сомнение за строено кривично дело предизвикување општа опасност, извршија претрес во домот и други простории на М. Од Битола, при што пронашле и одзеле една малокалибарна пушка и 9 куршуми.

Знаат ли ЕУ и САД дека Џабир Дерала спонзорира лажни вести против Николоски од ВМРО- ДПМНЕ?

По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода битолчанецот, кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.