СЕ УШТЕ ГОРИ МАГАЦИНОТ ВО ТЕТОВСКО ФАЛИШЕ КАДЕ ИМА ОГРОМЕН БРОЈ НА ХЕМИКАЛИИ, ОД ЦУК ПРЕДУПРЕДУВААТ ДА НЕ СЕ ИЗЛЕГУВА ОД ДОМА

0
231

Сè уште тлее огнот во фабриката во тетовско Фалише, информира командирот на тетовската противпожарна бригада во изјава за Телма. Изгореа магацин и продавница за бои и лакови, а состојбата со пожарот е сè уште далеку од стабилна.

Во пожарот во тетовско се претпоставува дека изгореле над 100 тони бои, лакови и други хемикалии. Од ЦУК и од Центарот за јавно здравје го предупредија локалното население да не излегува од дома.

Првичните проценки на надлежните се алармантни. Велат, изгореле над 100 тони хемикалии, а опасноста е во радиус од два километра.