ПО ОВАА ФОТОГРАФИЈА ЕЛИЗАБЕТА ЌЕ СЕ ПРЕВРТУВА ВО ГРОБОТ : КРАЛОТ ЧАРЛС ТРЕТИ И КАМИЛА ГИ ПОЗДРАВИЈА ГРАЃАНИТЕ ОД БАЛКОНОТ НА БЕКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА

0
647

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, придружувани од кралското семејство, денеска излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават десетиците илјади луѓе собрани по повод нивното крунисување.

Заедно со кралот и кралицата со круни и во церемонијална облека беа и престолонаследникот Вилијам со сопругата Кејт и нивните деца, и братот и сестрата на кралот, Ана и Едвард.

Од балконот го следеа свечениот прелет на воздухопловните сили, со помалку авиони поради дождот.

Потоа влегоа во палатата, но набрзо се вратија на балконот за повторно да ги поздрават граѓаните.

Најмладиот син на Чарлс, Хари и неговиот брат Ендрју не беа на балконот. Хари – војводата од Сасекс и Ендрју – војводата од Јорк, повеќе не се активни членови на кралското семејство.

Хари и Ендрју присуствуваа на денешното крунисување во Вестминстерската опатија, но беа во третиот ред меѓу гостите.