ОВИЕ ОД КАЈ БАЧЕВ СЕ ЛУДА КОМЕДИЈА : ЗАЕВ Е СМРТНО УПЛАШЕН ОД ЈАНКО БАЧЕВ, ДА НЕ ГО СПРЕЧЕШЕ ДА ДОЈДЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ОД ЦИВИЛ БАЧЕВ ЌЕ ОДРЖЕШЕ СТРАХОТЕН ГОВОР КАКО ДО ЕВРОПА СО ПОМОШ НА РУСИЈА!

1
1863

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев требаше да зборува на денешната конференцијат „Македонски перспективи – Како до Европа“, меѓутоа, непосредно пред настапот говорот на Бачев насловен како „Понуда до Заев за јавна опклада на симболични 1 денар дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО и ЕУ ниту ќе го промени името, не беше дозволен.

Потенцираме дека Единствена Македонија ја прифати поканата на „Цивил„ и благовремено пред два дена го потврди учеството на претседателот Бачев, но, лицата од кабинетот на Заев во последен момент на лице место издејствуваа Бачев да биде тргнат од листата на говорници.

Спречувањето на Бачев да зборува на конференцијата е одлична вест за македонскиот народ, бидејќи се гледа дека Заев е веќе уплашен и по секоја цена ги спречува активностите кои се на линијата на заштита на највисоките национални и државни интереси.

На конференцијата говорници беа Зоран Заев, амбасадорите на Германија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Бугарија, претседатели на владините наменски невладини организации и партиите од марионетската власта во Скопје, СДСМ, НСДП, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, а единствено не беше дозволен говорот на претседателот Бачев.

Единствена Македонија го започна процесот за остварување на јасно изразената намера за сојуз со Русија и членство во ЕЕУ, храбро, решително и во интерес на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните и тој процес повеќе никој не може да го спречи.

                                                                                                                                        Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија