(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОПШТИНА ГАЗИ БАБА : Со помош на светски експерти се гради вакуум канализацијата во Јурумлери, прва во земјава

0
1023

Во консултација со светски експерти се реализира изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со експертите Nigel Smith од Англија, Fabry Gyogy од Унгарија, Simon Lazos од Романија и Дејан Ѓуровиќ од Србија за вакуум мрежи од Англија, Романија, Унгарија и Србија, кои имаат работно искуство над 30 години во оваа област направија увид при поставувањето на приклучоци за вакуум мрежата во Јурумлери.

Експертите  имаа можност на лице место да видат како се одвиваат работните активности и посочија дека сме на прав пат успешно да го реализираме овој проект кој ќе реши проблем на голем број на граѓани.

  • Среќни сме што сме тука, во Јурумлери и што ќе можеме да ви го пренесеме нашето знаење, кое го користат ширум светот. Успешно ја вршите работата досега која воопшто не е лесна и на прав пат сте успешно да го реализирате овој проект кој ќе реши проблем на голем број на граѓани. Ви посакуваме успешна реализација до самиот крај на првата вакуум канализација во вашата земја, посочија експертите.

Градоначалникот Георгиевски им се заблагодари што се вклучуваат во овој проект и посочи дека изградбата на вакуум канализацијата ќе се реализира во неколку фази, а веќе напредува изведбата на првата фаза.

  • Наша цел е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациски инсталации и шахти. Со овој проект жителите на Јурумлери и околината конечно добиваат современи услови за живот какви што заслужуваат, а септичките јами ќе станат минато, рече Георгиевски.