СЕ ПРАВИ МУТАВ И ВЕЛИ ДЕКА АКО НЕКОЈ ЛОШО ГО РАЗБРАЛ ВИДЕОТО, ИМ СЕ ИЗВИНУВА?!?! ЛАТАС ОДБИВА ДА ПРИЗНАЕ ВИНА И СЕ БУНИ ШТО ЌЕ МУ ЗЕМАЛЕ ПАСОШ И ШТО ТРЕБАЛО ДА НЕ НАСТАПУВА ВО ЈАВНОСТ!

0
1033

Се бара забрана за јавни настапи на новинар, на кого јавниот настап му е професија. Практично, се бара забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука по процес – го коментираше Латас предлогот на Обвинителството.Новинарот на Драган Павловиќ-Латас во изјава за Канал 5 по денешното покренато обвинение од страна на ЈОРМ за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем вели дека е изненаден дека се бара одземање на пасош.

– Јас сум веќе 6 години во машината за мелење на СЈО и не сум избегал од државава, а второ се бара забрана за јавни настапи на новинар, на кого јавниот настап му е професија. Практично се бара забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука по процес.

А инаку сега вие можете да направите и забрана за 3 години да донесете пресуда и 3 години новинарот да не може да живее и да работи. Мене ми е лично жал ако некој се почуствувал навреден, затоа што бил повреден или повикан од тоа, затоа што има право да си ги толкува на свој начин работите во однос на она што ние го кажуваме, така да можам да им се извинам на тие луѓе навистина повредени и навредени и кои го виделе тоа видео, а не прочитале наслов или некој им кажал – посочи Латас.