ВО ИНТЕРВЈУ ЗА БРИСЕЛСКИ ,,ПОЛИТИКО” БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ ГО ПОВИКУВА ПРЕМЕРОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ДА ГО ПРИФАТИ БУГАРСКИОТ ПРЕДЛОГ И ДА НАПРАВИ КАША ПОПАРА СО УСТАВОТ ВО ЗЕМЈАВА А ПОТОА ДА СИ ПУКА СО САЧМАРКА ПО 2 ПАТИ ВО ЗДРАВИ НОЗЕ

0
935

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков ја повика Северна Македонија да ја искористи можноста, откако бугарскиот Парламентот даде зелено светло на „францускиот предлог“ за интеграција на С. Македонија во ЕУ.

Тој во интервју за бриселскиот портал „Политико“ го повика својот колега од С. Македонија, Димитар Ковачевски, да биде храбар и да го прифати компромисот, што го предлага француското Претседателство со ЕУ, со кој ќе ја отвори вратата за Скопје да започне формални преговори за членство во ЕУ.

Но, Петков, признава дека тоа може да ја урне владата на Ковачевски, исто како што му се случи и на самиот Петков, откако во средата Собранието му изгласа недоверба.

Помали коалициони партнери во владата на Ковачевски, веќе се изјаснија дека ќе ја напуштат коалицијата доколку се прифати францускиот предлог.

„Како политичар треба да се одлучи, која е мојата цел на ова место? Дали мојата цел е да бидам стабилен? Или мојата цел е да ја водам нацијата, да направам чекор напред? Не е удобно да се оди во таа насока. И мислам дека таква одлука сега треба да направи Димитар Ковачевски. Да бев на негово место немаше да размислувам двапати. Ако може да влезе во историјата со отворање на вратата за Северна Македонија во ЕУ, мислам дека тоа е добро достигнување за еден премиер. Но, потребна е храброст“, вели Петков за „Политико“.

Петков е во Брисел на Самитот на ЕУ. А во Бугарија денеска Парламентот усвои декларација, со која, како што се наведува во текстот, се утврдуваат условите под кои Бугарија може да ги поддржи следните чекори во процесот на европска интеграција на С. Македонија. Во нивниот документ се додадени уште четири барања од Софија кон Скопје како услов за влез во ЕУ.

Тие се ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети, гаранција за правата на Бугарите во Македонија со нивното вклучување во Уставот и дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Според усвоената одлука, Парламентот и дава право на Владата во оставка на Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети посочените услови.