СЕЛА ВЕЛИ ДЕКА БИ БИЛ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ИЗМЕНИ НА КЗ АКО ВЛЕЗАТ И СЛУЧАИТЕ МОНСТРУМ, ДИВО НАСЕЉЕ И АЛФА!

0
345

Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва на ТВ21 проговори за измените во Кривичниот законик.

Според него, тој и неговата партија би биле заинтересирани за овие измени, доколку се намалуваат казните и за други осуденици, како што се случајот „Монструм“, „Диво Насеље“.

Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се ​​отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случајот „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“, рече Села.