ГЕРАСИМОВСКИ : 110 РЕШЕНИЈА ОД ПО 7 000 ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА СО НОВОРОДЕНЧЕ ВО ЦЕНТАР

0
327

110 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Оваа парична помош во висина од 7.000 денари, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

На семејствата Герасимовски покрај решенијата им подели пригодни подароци од компаниите Хип, Геопром, Европа Лек Фарма и Веледа како и бесплатни педијатриски услуги од Клиника Жан Митрев.