МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ТРАЈАН СО НОВИ МЕРКИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ : Објавен е оглас за грантови во висина од 3.000 евра за жени земјоделки

0
982

СДСМ продолжува со постојано унапредување на земјоделството, подобрување на условите за земјоделците и намалување на нивните трошоци се’ со цел повеќе пари да завршуваат кај секој земјоделец. 

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој објави оглас на кој жените –земјоделки,  до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 3000 евра. 

Целта е да се мотивира и да се обезбеди зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство и создавање на поголема додадена вредност во земјоделското производство. 

Претходно, со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, овозможуваме дополнителна помош и за младите земјоделци со воведување на дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра. 

Се унапредуваат и се поедноставуваат условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство. 

Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат. 

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ. 

Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците.