СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ЈА ДОБИЈА ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ИМ ИСПЛАТИ 13.300 ЕВРА ПОРАДИ НЕХУМАН ТРЕТМАН

0
339

Случајот се однесува на полициската акција на МВР од 2008 година кога беа приведени 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои беа затекнати покрај кејот на реката Вардар и беа задржани цела ноќ во полициската станица во Бит Пазар.

По 15 години сексуалните работнички од Македонија ја добија правдата во Стразбур, информираше невладината организција ХОПС. Европскиот суд за човекови права одлучи дека државата во 2008 година ги изложила на нехуман и понижувачки третман, дека биле лижени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет.

Случајот се однесува на полициската акција на МВР од 2008 година кога беа приведени 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои беа затекнати покрај кејот на реката Вардар и беа задржани цела ноќ во полициската станица во Бит Пазар.

„Исто така, Судот утврди повреда на правото на приватност поради објавата на фотографии од жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи без да биде прикриен нивниот идентитет и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови“, вели ХОПС.