ПОЕВТИНУВААТ ПИВОТО, СОКОВИТЕ, ПАКУВАНАТА ВОДА … ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ОД 10 ДО 30%

0
490

Ковачевски соопшти дека од утре стапуваат новите мерки на владата за намалување на цените на безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото и намалувањето на маржите кај овошјето и зеленчукот.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека од утре стапуваат новите мерки на владата за намалување на цените на безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото и намалувањето на маржите кај овошјето и зеленчукот.Со ова, како што рече Ковачевски, се очекува намалувањето на цените да биде од 10 до 30%, а „гарантираната цена“ за сите овие производи ќе важи до 30 ноември.

– Највисоките цени на овие производи, со исклучок на енергетските пијалаци, се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 19 септември, а трговците на мало се должни да ги сменат цените на овие производи и да ги одбележат со ознака „гарантирана цена“-рече Ковачевски.

Во однос на овошјето и зеленчукот, информира премиерот, донесена е одлука за определување на највисока трговска (профитна) маржа. Во трговијата на големо таа се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало во износ од 15%.

– Пред нас следат одлуки за намалување на увозните давачки на свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10%. И ова се одлуки кои ќе бидат донесени во текот на наредните денови, објавени и спроведени во пракса-рече премиеротВо однос на казнетите синџири на маркети, рече дека првичните казни со затворање на маркетите се во траење од 3 дена и веќе ќе бидат отворени и овие маркети кои имале проблем да се усогласат со владината мерка.Тој очекува дека со овие мерки ќе се стабилизира инфлацијата до крајот на годината.

– Тоа веќе се покажа со зголемувањето на платите во јули годинава, кога беше надминато зголемувањето на инфлацијата. Со септемвриските покачувања за 10% на платите, како и линеарното зголемување на пензиите согласно со методологијата која беше утврдена во текот на изминатиот период очекуваме двоцифрената инфлација да падне на 8%, а за храната да достигнеме до 5% – рече Ковачевски.