СЕДМИ ПРОТЕСТ „СРБИЈА ПРОТИВ НАСИЛСТВО“ – ПОКРАЈ БЕЛГРАД ОПОЗИЦИЈАТА ГИ НАПОЛНИ УЛИЦИТЕ НА НОВИ САД, НИШ И НА КРАГУЕВАЦ

0
478

Организаторите наведоа дека следните собири ќе се одржат и во десет други градови низ земјата, доколку нивните барања не бидат исполнети.
Седмиот по ред протест „Србија против насилството“ во организација на српската опозиција денеска се одржа во Белград и во уште три града, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.

Во Белград протестот почна пред Собранието, а потоа собраните граѓани го одржаа и маршот низ градот. И од овој собир беа упатени идентични пораки како и на претходните протести.Поголем број луѓе се собраа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, додека протестни собири имаше и во други места низ земјата. Организаторите наведоа дека следните собири ќе се одржат и во десет други градови низ земјата, доколку нивните барања не бидат исполнети.