МАРИЧИЌ – РАДМАН : САМО СО ДИЈАЛОГ И КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕВРОПСКАТА ИДНИНА ДО БРЗО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

0
503

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на „Преспа форум дијалог“ се сретна со министерот за европски и надворешни работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, со кој разговараа за актуелните домашни политички случувања, за реформите и интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ.

– Примерот на Хрватска за членство во ЕУ вели дека може брзо да се направат реформите и да се напредува и тоа е наш поттик во надминувањето на предизвиците и обезбедувањето членство во ЕУ, кажа на средбата Маричиќ.

 Министерот Радман рече дека Хрватска и понатаму безусловно ќе ја поддржува Северна Македонија во остварувањето на нејзината стратешка цел, посочувајќи дека политиката која владата ја спроведува е мудра и предводена од конструктивна волја за соработка и дијалог.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на поддршката и заложбата на Хрватска за нашиот напредок на европскиот пат, укажувајќи дека Хрватска како голем и искрен пријател на Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ, може многу позитивно да придонесе во напорите на нашата држава на евроинтегративниот пат.На средбата беше разговарано и за важноста да се запази рокот за уставните измени и дека 2023 година е клучна за Северна Македонија и креирањето на идните граници на ЕУ.