СДСМ : СРЕДЕ КРИЗА 100.000 ЕВРА ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ВО КИСЕЛА ВОДА, ВМРО-ДПМНЕ АЗДИСУВА

0
726
Во време на криза, кога општината Кисела Вода се жалеше дека нема пари за струја и парно, за помош на граѓаните, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски немилосрдно ќе потроши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на блиски лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ и медиумски гласници на партијата.
За општина како Кисела Вода, 100.000 евра се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога им е најпотребно во време на огромна криза.
Наместо да ги троши парите на непродуктивни трошоци  и партизација и да аздисува, градоначалникот Ѓорѓиевски да ги пренасочи за општината и за граѓаните.
Граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат вакво недомаќинско и расипничко трошење на општинските пари и дејствување на штета на општината.
Очигледно ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија која 11 години криминално владееше а ништо не работеше.