КОВАЧЕВСКИ : СДСМ СЕ БОРИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА КАКВА ШТО СОНУВАА НАШИТЕ ИЛИНДЕНЦИ, АСНОМЦИ, ПАРТИЗАНИ

0
274
СДСМ се бори за европска Македонија каква што сонуваа нашите илинденци, асномци, партизани, за држава каква се залагаше и поранешниот претседател Киро Глигоров, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, во обраќање на традиционалниот пикник во Куманово по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.
СДСМ секогаш била на вистинската страната на историјата.  На тоа сите ние присутни овде, сите социјалдемократи се горди на тоа. Денеска, СДСМ е врзното ткиво, клучната политичка сила за остварување на генерациоскиот сон, за посакуваната европска иднина, потенцираше Ковачевски.
-Како наследници на вредностите на НОБ, на прогресот, веруваме во едно општество, напредно, прогресивно, демократско, граѓанско, со еден збор европско општество. Тоа е нашиот светоглед во политиката, светилник за иднината.  Овие вредности не само што се модерни, туку носат и подобар живот, повисок животен стандард. Тие создаваат подобра економија, посилен развој и напредок, рече Ковачевски.
СДСМ ќе  биде столбот, клучниот фактор на оваа борба во градењето на иднината на нашите граѓани и на нашата татковина Северна Македонија, додаде  тој.
-СДСМ се бори за европска Македонија каква што сонуваа нашите илинденци, асномци, партизани.  За успешна држава во која секој наш граѓанин ќе има достоинствен живот од својата заработена плата, држава во која младите ќе добијат најквалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван и ќе живее убаво и спокојно.   Сега е време, тоа е нашата борба на оваа генерација. Имаме историска шанса којашто не смееме да ја пропуштиме. Вратите на Европската унија се отворени, се чека одлука на нас, рече Ковачевски денеска во Куманово.