СДСМ СО ГРАЃАНИТЕ НА РАДОВИШ И БОСИЛОВО : НИЕ СМЕ НА СТРАНАТА НА ГРАЃАНИТЕ И ДРЖАВАТА, ВМРО-ДПМНЕ НА СТРАНАТА НА КРИМИНАЛОТ

0
388

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Никица Бачовски денеска заедно со Благојче Трпески беа во посета на општина Босилово како дел од теренската активност на СДСМ „Рамо до рамо до победа“

– Преку грантови од 10.000 и 20.000 евра даваме поддршка младите активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а истовремено младите земјоделци се ослободени од надоместокот за закуп на државното земјоделско земјиште. За прв пат од оваа година обезбедивме и стипендии од по 18.000 денари месечно за период од девет месеци, за студентите на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет. Сето тоа го правиме за да го зголемиме домашното производство но и да ги охрабриме младите, дека и од земјоделство може добро да се живее, истакна Бачовски.

Во општина Радовиш на средби со граѓаните беа Оливер Спасовски и членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска.

Спасовски пред граѓаните истакна дека СДСМ е на страната на граѓаните, на страната на правдата и законите, додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на криминалците и тоа се потврдува со денешната одлука на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, да им се доделат општински финансиски средства на партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ осудени за насилството од „крвавиот четврток“: