Се хранел со риба и галеби: Колумбиец 2 месеци бил изгубен на отворено море

0
1255
Еден Колумбиец бил спасен откако преживеал два месеци на отворено море на Пацификот, хранејќи се со риба и галеби, соопштила денес американската крајбрежна стража.

Тој на американските власти им кажал дека пред повеќе од 2 месеци со тројца сопатници испловил од Колумбија со глисер, но моторот се расипал, и чамецот од седум метри им бил препуштен на океанските струи.

https://youtu.be/W8_khee8360

Рекол дека сите негови сопатници починале, но нивните тела не биле во чамецот. Дефектот се случил во делот на пространството на Пацификот каде бродови ретко минуваат.

29-годишниот Колумбиец на повеќе од 3.000 километри југоисточно од Хаваите бил спасен од еден панамски трговски брод, и го предал на Крајбрежната стража, која до довела во Хонолулу, главниот град на Хаваи.

Крајбрежната стража соопштила дека нема да го истражува случајот.