РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА СТРУМИЦА И НОВО СЕЛО : СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ЖЕНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛКИ И РЕКОРДНИ ИЗНОСИ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

0
382
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, заедно со Роберт Бекировски денеска беше меѓу граѓаните на општина Струмица, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.
Пред присутните Богоев зборуваше за реализацијата на мерки и политики на СДСМ во делот на земјоделството и економијата.
– Како никоја Влада до сега, ние вложуваме во земјоделството, во вистинските земјоделци. За прв пат воведовме нов модел на субвенционирање, но за прв пат воведовме и жените земјоделки за да можат да користат платено отсуство за мајчинство. Преку посебна програма, финансирана од буџетот на Платежната агенција, жените земјоделки кои ќе остварат право за користење финансиска поддршка за мајчинство, ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 81.000 денари. Сето тоа е наш придонес да ги мотивираме земјоделците, да произведуваат повеќе, порача Богоев.
Осврнувајќи се на работата на локалната власт, Богоев истакна дека многу градоначалници, особено од ВМРО-ДПМНЕ можат да учат од работата на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој посветено работи за своите сограѓани и вложува во општината и затоа денес Струмица продолжува да се развива на секое поле.
Во општина Ново Село беше Филип Николовски кој истакна дека економските политики на СДСМ даваат резултат, дека се бележат рекордни странски инвестиции како онаа на „Јагео“ од 205 милиони евра, но и дека се унапредува кредитниот рејтинг на државата, што е доказ за успешното менаџирање со јавните финансии.