Заев: Имаме преку 30 прашања за кои ќе разговараме со Ципрас

0
1247

Ќе разговараме за преку 30 прашања од сите области важни за двете земји Република Грција и Република Северна Македонија, особено за економските, зашто ќе има средба на стопанските комори од двете земји, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето што ќе биде во фокусот на разговорите при официјалната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, најавена за во вторник.

“Прашањата се многу, преку 30. Некои земји кои ја испуштиле соработката, сега сакаат се. Драго ми е што постои голема желба и љубов од двете страни за средбата. Се отвораат прашања, само треба да провериме колку имаме капацитет за некои да ги реализираме, истакна Заев за време на денешната посета на Прилеп.

Според него во фокусот на разговорите ќе бидат економијата, енергетиката, културата, здравството, образованието, социјалната заштита. Тој најави одржување состанок со стопанските комори на двете земји и со претставниците на бизнисот, бидејќи, како што рече сите граѓани во двете земји очекуваат економски придобивки од Договорот од Преспа.