ОСУДА ОД МАКЕДОНСКОТО МНР ЗА НАПИСИТЕ ,,МАКЕДОНИЈА Е БУГАРИЈА” ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА СОФИЈА

0
648

Македонското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница.

Од МНР велат дека таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот.

„Република Северна Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава“, велат од МНР.

Министерството врачило соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи.